Top Sport

Адама Траоре пред трансфер во Тотенхем

Адама Траоре кариерата ќе ја продолжи во Тотенхем. Англиските медиуми тврдат дека клубот наскоро ќе го потврди трансферот вреден 24.000.000 евра.

Траоре е повремен шпански репрезентативец, кариерата ја започна во акедемијата на Барселона. Од Шпанија во 2015 година се пресели во Англија најпрвин во Астон Вила, а потоа во Мидлзброу и Вулверхемптон.

Оваа сезона речиси и да немаше придонес во играта на Вулфс. На 22 натпревари постигна само еден гол.

Scroll to Top