Top Sport

Адебајор: Арсенал никогаш не простува, видете што му прават на Обамејанг

Емануел Адебајор „удри“ по својот поранешен клуб Арсенал поради нивното однесување кон Пјер-Емерик Обамејанг, кој не само што ја загуби капитенската лента кај „топчиите“, туку е целосно исфрлен од менаџерот Микел Артета поради дисциплински прекршоци.

Се верува дека Арсенал се подготвени веднаш да го продадат Обамејанг, и поранешниот тогоански репрезентативец Адебајор поучен од сопственото искуство вели дека за него нема враќање во составот.

„Тие никогаш не знаат да простат, така што знам низ што поминува. Тој е фантастичен фудбалер, му посакувам најдобро во иднина во некој друг клуб. Сите сакаме да се врати во форма. Дали го сакаме или не, тој е наш африкански брат и сакаме да ја претставува Африка како и досега. Не верувам дека има пат назад во Арсенал, бидејќи и мене ми се случи истото“, вели Адебајор.

Арсенал го купија Адебајор од Монако во 2006 година, и беше клучен играч во тимот, пред во 2009 година да замине во Манчестер сити. Во првиот меѓусебен меч, тој постигна гол при 4:2 победата над Арсенал, по што истрча цел терен за да слави провокативно пред навивачите на Арсенал.

Scroll to Top