Top Sport

Адебајор одби да донира пари за Того, па се пофали со деветте автомобили (видео)

Емануел Адебајор го навлече бесот на јавноста во неговата татковина Того, откако се пофали со своите девет скапи автомобили како „мотивација“ неколку дена откако јасно кажа дека за разлика од многу фудбалери и спортисти не планира да донира пари за борбата против корона вирусот.

Поранешниот фудбалер на Манчестер сити и Тотенхем, кој сега фудбалскиот леб го заработува во парагвајскиот клуб Олимпија, со видеото сакаше да ги инспирира фановите дека можат да го повторат неговиот успех. Започнувајќи со Ролс ројс, видеото покажува уште осум скапи возила, вклучувајќи четири Мерцедеси, две Поршеа, БМВ и Ренџ Ровер со порака „понеделничка мотивација“.

36-годишниот Адебајор, кој моментално е во карантин во Того, неодамна одби да даде пари за борба против смртоносниот вирус, велејќи дека тој самиот ќе одлучи што ќе прави со богатството. Того досега има 124 потврдени случаи и 9 мртви.

„За тие кои се прашуваат зошто не донирам, да бидам многу јасен, јас не го правам тоа. Толку е едноставно. Правам што сакам и јадам што сакам“, изјави Адебајор.

Во минатото немаше вакви изблици на себичност од него. Во 2017 година тој финансиски спонзорираше 90 деца цела година, а донираше и храна во северниот дел од африканската држава.

Scroll to Top