Наполи се уште не донесе играч кој ќе го замени Хвича Кварацхелија. Грузиецот, пред 10 дена за 70 милиони евра се пресели ви ПСЖ.
Цел на Наполи е напаѓачот на Борусија Дортмунд, Карем Адејеми. Медиумите пишува дека Адејеми се согласил на трансфер и дека клубовите ги започнале преговорите.
Утро се случил целосен пресврт. Адејеми го известил клубот дека не сака да си замине во овој преоден рок.
„ Адејеми одлучи да остане во црно-жолтиот табор барем до лето“, пренесува Фабрицио Романо.
Оваа сезона, играчот со нигериско потекло одигра 14 натпревари за Дортмунд, постигна пет гола и забележа три асистенции.
Италијанските медиуми тврдат дека Наполи сега ќе се обиде да го реалзира трансферот на Ноа Ланг Од ПСВ. Наводно фудбалерто се согласил да се пресели во Италија, а ПСВ ја одбил првата понуда на Наполи од 25 милиони евра.