Top Sport

Адејеми се сели во Дортмунд

Борусија Дортмунд води во трката за потписот на талентираниот напаѓач на Салцбург, Карим Адејеми. Покрај Борусија за 19-годишниот напаѓач интерес покажуваат Баерн Минхен и Барселона.

„Билд“, тврди дека Адејеми сакал повторно да работи со Марко Розе, кој му беше тренер во Салцбург. Тренерот од оваа сезона ја предводи Борусија.

Според овој извор, Борусија за трансферот ќе издвои помеѓу 30 и 35 милиони евра. Напаѓачот ќе добие петгодишен договор и пакта од пет милиони евра по сезона.

Scroll to Top