Top Sport

Адеми: Добра одлука донесов кога прифатив да играм за Македонија

Аријан Адеми, капитенот на Динамо Загреб, минатата недела го реши дербито во Риека и му овозможи на својот тим да го направ можеби клучниот чекор во трката по шампионската титула.

Адеми 12 години е во Динамо, во кариерата ги минал сите младински селекции на хрватската репрезентација, на сениорско ниво го прифати повикот од Македонија.

И покрај тоа што никогаш не открил зошто прифати за Македонија, Хрватите на оваа тема шпекулираат дека се разочарал кога Нико Ковач не го повикал за настап на Светското првенство во Бразил во 2014 година.

„Како мал често одев во Македонија и немав проблем кога стигна поканата за настап во репрезентацијата. Често има приказни за моето неиграње за Хрватска и барањето на можениот виновник. Не жалам што вака заврши, бидејќи на крајот се покажа тоа бил вистинскиот пат за мене“, изјавил Адеми за „Јутарњи“.

Scroll to Top