Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми, како што беше најавувано, го продолжи договорот до 2025 година и се извини за шпекулациите околу неговото заминување од „Максимир“.
Адеми имаше договорен трансфер со Ал-Наср, каде што работи неговиот прв тренер во Динамо, Крунослав Јурчиќ, пред да се предомисли во последен момент, а имаше понуда и од Севилја.
„Велев дека ќе одам, но во еден момент сфатив дека тоа не е вистинскиот пат за мене и не е нешто што го сакам во животот. Уште еднаш би сакал да се извинам на Јурчиќ, бидејќи не беше професионално од моја страна. Ќе останам во Динамо до крајот на кариерата, освен ако не дојде некоја голема понуда од топ 5 лигите. Со Динамо играв Лига на шампиони и доживеав многу прекрасни моменти. Сакам да бидам најтрофејниот фудбалер на Динамо, човек со најмногу настапи и да влезам во осминафиналето на ЛШ“, изјави Адеми.
Клубот пак, објави дека ќе произведе лимитирана едиција на дресови (само 199 примероци) со автограм на капитенот.