Динамо Загреб, со победата над Локомотива (2:0), се врати на првото место во хрватскиот шампионат. „Модрите“, со натпревар помалку имаат два бода повеќе од Осијек. Победата ја засени повредата на Аријан Адеми, кој најверојатно ќе го пропушти реваншот со Виљареал, во Лига Европа.
„Адеми има оток на стапалото. Ќе ги почекаме снимките, но прогнозите не се добри“, изјавил тренерот на Динамо, Дамир Крзнар.
Динамо, во четврток, ќе гостува во Виљареал. По првиот меч Шпанците имаат предност од 1:0.