Top Sport

Адеми и Динамо го „демонтираа“ Хајдук во Загреб

Големото дерби на хрватскиот фудбал на „Максимир“ беше целосно во знак на актуелните шампиони Динамо Загреб, кои го декласираа Хајдук со 4:0 за да се одвојат на 11 поени од вечните ривали.

Стартот на „Максимир“ почна во знакот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој прво во осмата минута постигна гол, за веќе во деветтата да му асистира на Мартин Батурина за 2:0. Мизерното прво полувреме за гостите од Сплит го комплетирааше Лука Иванушец во 38. минута. Доминацијата продолжи и во второто полувреме, за Иванушец и вторпат да се запише во листата на стрелците во 63. минута.

Scroll to Top