Top Sport

Адеми и Ристовски пријатно изненадија скопјанец кој навива за Динамо (ФОТО)

Динамо Загреб има свои навивачи и во Скопје, а еден од нив е и Горан Адамовски кој доби дрес со посвета и можност да биде во друштво на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, во пресрет на вечерашниот натпревар против Шкупи на арената „Тодор Проески“.

„После ова, можам и да си умрам“, рекол Горан Адамовски по средбата со „динамовци“ во хотел Хилтон, на покана од раководството на клубот.

„Момци, јас не навивам за Динамо, живеам за Динамо. Ако зборувам за фудбал, тогаш зборувам за Барселона или Реал, но ако зборувам за Динамо, тогаш зборувам за начин на живот. Не навиваш за Динамо, живееш за Динамо. Првиот натпревар на кој дојдов на „Максимир“ беше Динамо – Селтик (3-0) во 1998 година. Се уште се градеше северната трибина, имав само 16 години, од Скопје сам со воз отидов во Загреб“, раскажа Горан, а пренесува официјалниот сајт на Динамо Загреб.

Scroll to Top