УЕФА, во своето седиште во Нион, попладнево ги одреди двојките за осмина-финалето, во Лига Европа. Несомнено дека дерби на оваа фаза е пресметката на поранешните европски шампиони Манчестер јунајтед и Милан. Динамо Загреб, во чии редови играат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, за противник го доби Тотенхем.
Ждрешката во Нион реши Паоло Фонсека да ја предводи Рома против својот поранешен клуб Шахјтјор и овозможи реприза на осмина-финалето од минатата сезона, кога Олимпијакос во два драматични натпревари го елиминираше Арсенал.
Осмина-финални двојки во Лига Европа:
Ајакс-Јанг Бојс
Динамо Киев-Виљареал
Рома-Шахтјор
Олимпијакос-Арсенал
Динамо Загреб-Тотенхем
Манчестер јунајтед-Милан
Славија Прага-Глазгов Ренџерс
Гранада-Молде
Натпреварите од оваа фаза во Лига Европа на распоредот ќе бидат на 11 и 18.март.