Top Sport

Адеми има нов клуб

Аријан Адеми (32) по 12 години го напушта Динамо, кариерата ќе ја продолжи во Пекинг Гуан. Кинескиот новинар Лиу Ксијангју за локалниот портал „qq“, објави дека откако клубот ги решил финансиските проблеми, трансферот на Адеми може да се реализира.

„Во текот на изминатата година, Гуан ги решаваше старите проблеми, вклучително и заостанатите плати и спорови, како што се отказните такси за странски играчи“, пишува кинескиот новинар и истакнува дека инвеститорите на Гуан сакаат да обезбедат непречено функционирање на клубот.

“На Гуан му беше забрането да носи играчи. Сега кога проблемот е решен, забраната повеќе не постои. Освен Де Соуса, чие доаѓање е потврдено, пристигнува и 32.годишниот капитен на Динамо Загреб. Тој наскоро ќе стане новиот играч за врска на Гуан“, тврди Ксијангју.

Се шпекулира дека Динамо ќе добие околу еден милион евра обештетување.

Адеми во 2010 година дојде во Динамо од Шибеник. Динамо потоа го позајми во Локомотив каде што помина две години. Од 2012 година до денес тој е член на актуелниот шампион, за кого одигра358 натпревари, постигна 41 гол и забележа 30 асистенции.

Договорот на Адеми со Динамо трае до 2026 година, а „Трансфермаркт“, го проценува на четири милиони евра.

Scroll to Top