Top Sport

Адеми ја имаше официјалната промоција во новиот клуб

Аријан Адеми беше претставен во својот нов клуб, кинескиот Пекинг Гуан, кој на 15 април ќе ја започне новата сезона во кинеската Супер лига. Тимот, кој лани беше на седмото место во првенството, заедно со Адеми претстави уште седум нови играчи, од кои двајца странци, Бразилецот Јозеф де Соуза и Камерунецот Михаел Нгадеу.

Адеми во новиот клуб ќе го носи бројот 45 и ќе ја заработува највисоката дозволена плата во кинескиот шампионат, 1,65 милиони евра по сезона.

Динамо од неговиот трансфер заработи милион евра, а со Кинезите потпиша тригодишен договор.

Scroll to Top