Динамо Загреб ќе биде хендикепиран во осмина-финалниот дво меч во Лига Европа против Бенфика. „Модрите“ натпреварите против Бенфика ќе ги одиграат без капитенот Аријан Адеми.
Македонскиот репрезентативец поради силните болки во стомачниот ѕид нема да биде во состојба да му помогне на тимот потврдил клупскиот лекар др. Ивица Смолек.
Адеми долго време ја влече оваа повреда. Пред дуелот со Викторија Плзен, во претходната рунда во Лига Европа, лекарите го советувале да замине на операција за да го реши проблемот, но тој „ги стегнал забите“ и играл под инјекции.
Бидејќи болките станувале посилни, Адеми во договор со лекарскиот тим, решил да замине на операција. Рехабиитацијата би требало да трае околу три недели.
Ова значи дека Адеми нема да биде ниту во составот на репрезентацијата за почетокот на квалификацискиот циклус за пласман на ЕУРО 2020. Македонската репрезентација на 21 март ќе ја пречека Латвија, а три дена подоцна ќе гостува во Словенија.