Top Sport

Алба: Не можете Винисиус да го споредувате со Меси

Жорди Алба, левиот бек на Барселона, смета дека не треба младиот Бразилец од Реал Винисиус Жуниор да го споредуваат со Лионел Меси.

Бразилецот блескаше во средата, но не успеа да го спречи поразот и елиминацијата на Реал од Купот на Шпанија. Барса во Мадрид победи 3:0, а интересен беше податокот дека Винисиус имаш повеќе удари кон противничкиот гол од целиот тим на Барселона.

„Го споредувате Винисиус со најдобриот во светот. По ѓаволите“, рекол Алба и дополнил.

„Винисиус е одличен играч. Нема ништо лошо да кажам за него, но да бидеме реални и искрени. Фантастичен и веќе е важен играч за реал, иако е многу млад. Не му е лесно со само 18 години да се носи со таков притисок. Меѓутоа споредбите со Меси не треба да се прават“.

Винисиус Жуниор има одиграно 26 натпревари за првиот тим на Реал, со учинок од три гола и 12 асистенции.

Жорди Алба потпиша петгодишно продолжување на договорот со Барса

Scroll to Top