Аријан Адеми по две години пауза со гол во мрежата на Лихтенштајн му се врати на фудбалот. Синоќа Адеми влезе во игра во 63. минута, а само шест минути подоцна соло акцијата ја заврши со гол.
„Ова е посебен момент за мене, преполн со емоции. Не бев виновен за она што ми се случи, а сега голот го прославив со солзи“, рекол Адеми.
„Сакам да му се заблагодарам на селекторот Ангеловски, кој веруваше во мене и кој ме повика во репрезентацијата, иако имав долга пауза. Му благодарам на Пандев и на сите соиграчи од репрезентацијата кои ме дочекаа со отворени срца. Им благодарам на целата македонска спортска јавност и на навивачите во Струмица. Ова многу ми значи“, дополнил Адеми.
Играчот на Динамо Загреб е убеден дека оваа репрезентација на Македонија пред себе има светла иднина.
„Оваа репрезентација има срце, но и квалитет за многу поголеми резултати. Тоа го покажавме во Италија, а убеден сум дека тоа ќе го покажеме во наредниот квалификациски циклус“, изјавил Адеми. н.ц.