Top Sport

Адеми се повреди против Омонија – во 42 минута го напушти теренот

Капитенот на загребски Динамо, македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми во 39 минута од второто квалификациско коло за ЛШ против Омонија во главниот хрватски град се пожали на повреда. Падна на тревникот и веднаш довикна до клупата дека не може да го продолжи мечот.

Во 42 минута мораше да излезе од игра, а на негово место влезе Јосип Мишиќ.

Адеми се пожали на болка во бутниот мускул по еден дуел со противнички фудбалер. Засега не е позната сериозноста на повредата.

Во вториот дел од мечот кој по 45 минути е без голови капитенската лента ќе е на раката на голманот Доминик Ливаковиќ

Минатата сезона Адеми имаше страшно тешка и долга сезона. Со Динамо дојде до четвртфиналето во Лига Европа, а потоа во јуни со Македонија играше значајна улога во екипата на ЕУРО 2020.

Scroll to Top