УЕФА ја претстави топката со која ќе биде одиграно годинешното финале во Лигата на шампионите. Со топката наречена „Адидас Финале Истанбул 21“, УЕФА обележува 20 години од првата топка со ѕвезден дизајн.
Овој ѕвезден дизајн прв пат беше промовиран во 2001 година. Со новата топка ќе се играат сите натпревари во нокаут-фазата и финалето кое е закажано за 29.мај во Истанбул.
Оваа топка е комбинација на сите претходни „ѕвездени“ дизајни. Со мали црвени банери се обележани сите градови, каде во претходните две децении се играле финалните мечеви.
За изработка на топката е користена најновата технологија.
⭐ The new #UCL final ball celebrates 20 years of the iconic 'starball' design.
⚽ It makes its debut in Tuesday night's round of 16 matches! pic.twitter.com/5ESTqnVpY5
— UEFA (@UEFA) February 15, 2021