Еден од најпознатите спортски брендови „Адидас“, ја прекина соработката со фудбалската репрезентација на Русија. Потегот на германската компанија е јасен, не сакаат да ја спонзорираат репрезентацијата поради руската инвазија врз Украина.
Соработката на „Адидас“ со Русија започна уште во времето на СССР.
„Адидас“ во Русија беше и повеќе од спортски бренд. Од 1980 година и времето на „студената војна“, кога западниот свет ги бојкотираше Олимписките игри во Москва, брендот е присутен во Русија.