Top Sport

„Адидас“ го спречил трансферот на Погба во Реал Мадрид?

Германската компанија за спортска опрема „Адидас“ одиграла главна улога за Пол Погба да остане во Манчестер јунајтед и да не направи трансфер во Реал Мадрид, тврди британскиот „Стар он сандеј“.

Цело лето се очекуваше Погба да направи трансфер во Реал Мадрид, каде што постоеше голем интерес од Зинедин Зидан, но во опција беше и враќањето во Јувентус. Меѓутоа според британските извори „Адидас“ интервенирале бидејќи сметале дека е подобро од комерцијална перспектива Французинот да остане во Јунајтед.

„Адидас“ дури имале улога на „миротворци“ меѓу Погба, неговиот агент Мино Рајола и Јунајтед, јасно порачувајќи му дека преферираат тој да остане на „Олд Трафорд“. Погба ја одработува третата година од десетгодишниот супер-богат договор со компанијата, која во исто време е и производител на дресовите на Јунајтед.

Во исто време, и Реал Мадрид има договор со „Адидас“, како и нивните ѕвезди Герет Бејл и Карим Бензема. Сепак, бизнис-логиката велела дека на компанијата им било потребно звучно име во Јунајтед, а Погба, без разлика на сѐ, засега е единствената суперѕвезда во англискиот клуб.

Scroll to Top