Top Sport

Адријан за лудите две недели: Добредојде во Ливерпул!

Новиот голман на Ливерпул, Адријан вели дека уште не може да се соземе по лудите неколку недели, откако неговата одбрана на пеналот на Теми Абрахам беше одлучувачка „црвените“ да ги победат Челси и да го кренат УЕФА Супер купот од Истанбул.

Поранешниот голман на Вест хем немаше клуб до 5 август, кога тренираше со локалните клубови во Шпанија, но Јирген Клоп реши да го донесе како замена и повредата на Бразилецот Алисон Бекер му даде шанса да блесне на најголемата сцена.

„Добредојде во Ливерпул! Ова беше луда недела. Пресреќен сум за клубот, што го добивме тој трофеј. Мечот беше долг, но крајот беше прекрасен“, вели Адријан.

Претходно во второто продолжение Адријан направи фаул токму над Теми Абрахам, иако снимките покажаа дека имаше минимален контакт. Жоргињо го искористи пеналот и израмни на 2:2.

„Кога го видов, се обидов да сопрам, но тој ме допре и мислам дека бараше пенал. И кажав на судијката, но на крајот трофејот е тука и друго не е важно“, вели Адријан.

32-годишниот Адријан до летото беше голман на Вест хем, каде што дојде од Бетис од 2013 година, но немаш клуб до крајот на преодниот рок во Англија и Клоп го донесе на „Енфилд“ како замена за Симон Мињоле, кој се врати во Белгија.

Замената Адријан со одбранет пенал го донесе Супер купот на Ливерпул (видео)

Scroll to Top