Атлетик Билбао и Виљареал одиграа 1:1 (0:1) во последниот натпревар од неделната програма во 12.коло во Ла Лига. Колото в понеделник ќе го комплетираат Еибар и Бетис.
Виљареал беше далеку подобар тим во првиот дел на „Сан Мамеш“, Тригерос во 20.минута не успеа да реалзиира пенал, голманот Аризабалага го одбрани неговиот удар, но осум минуит подцна овој фудбалер од 18 метри успеа да ја погоди мрежата на Атлетик.
Второто полувреме во целост му припадна на Атлетик, а израмнувачкиот гол го постигна ветеранот Адурз во 77.минута, кој со глава ја спроведе топката во голот на „жолтата подморница“ по одличниот центаршут на Балензијага.
Атлетик го освои 12.бод во сезоната и се наоѓа во долниот дел на табелата, на 15.место, додека Виљареал е на шесттото место со 21 бод.