Дик Адвокат му порача на Јап Стам дека најдоброто нешто што го направил како тренер на Феенорд е тоа што заминал, продолжувајќи ја војната на зборови меѓу двајцата преку холандските медиуми.
Адвокат, кој сега е тренер на Феенорд, му одговори на Стам откако тој се пофали дека ги „поставил темелите“ на успесите на Адвокат со клубот.
„Работев четири месеци со тие фудбалери. Лесно е да дојде следниот тренер и да продолжи. Тоа беше совршен момент за Дик“, изјави Стам.
Адвокат, кој немаше загубено лигашки натпревар со Феенорд пред да се донесе одлука да се прекине холандската Ередивизие не остана покус.
„Јап Стам направи една добра одлука во Феенорд. Таа да го напушти клубот“, одговори Адвокат.
Стам мораше да одговори.
„Сите кои ме познаваат знаат дека имам почит кон Дик. Бев загрижен од сликата која се создаваше во медиумите дека ништо не било направено пред него во Феенорд. Поентата е таа, фудбалерите беа подобро физички подготвени пред да дојде тој. Му посакувам успех“, изјави Стам, кој од неодамна е тренер на американскиот ФЦ Синсинати.