Top Sport

Роналдо бил пред потпис со Милан пред „превратот“?

Масимилијано Мирабели, поранешниот спортски директор на Милан, тврди дека Кристијано Роналдо бил пред потпишување со „росонерите“ во 2018 година, пред да се случи „превратот“ во клубот од Милано.

Португалецот, наводно, веќе бил одлучен да замине од Реал Мадрид по девет години со еден куп трофеи, и Милан биле фаворити за неговиот потпис, пред поранешниот газда на клубот, Ли Јонгхонг да го загуби клубот поради неплатени долгови, и Роналдо потпишал за Јувентус.

„Тоа беше нешто за што зборувавме со неговиот агент Жорге Мендеш. Знаевме дека има проблеми меѓу Реал и Роналдо, но тогаш кинеските газди го блокираа договорот бидејќи беше прескап. Со сегашните газди, ЦР7 ќе беше фудбалер на Милан“, вели Мирабели.

Милан тоа лето беа преземени од американската компанија „Елиот менаџмент“, ставајќи крај на едногодишната „авантура“ на Ли.

Мирабели оди понатаму и вели дека Милан планирале да го постават Антонио Конте за тренер, пред тој да замине кај градските ривали Интер.

„Бев горд на одлуката да го поставам Џенаро Гатузо, бидејќи тој беше професионалец. Кинезите не се согласуваа бидејќи сметаа дека Антонио Конте е подобра опција. Но, преговорите не се реализираа“, додава Мирабели.

Scroll to Top