Top Sport

Адвокатите го спасиле Анчелоти од отказ

Не стивнува бурата во Наполи. Изминатите денови во клубот се случија неколку скандали, а се започна со поразот од Рома. Претседателот Аурелио Де Лаурентис донел одлука играчите седум дена да бидат во карантин, но тие се оглушиле на оваа наредба.

По мечот во Лигата на шампионите со Слацбург фудбалерите заминале во своите домови, а потоа одбиле да тренираат. Наводно по мечот со Слацбург Алан му се саканил на синот на Де Лаурентис, а покрај Бразилецот водачи на бунтот биле уште и Калјехон, Мартенс и Кулибали.

Вечера на тренингот било многу напнато бидејќи паднале тешки зборови на релација навивачи-фудбалери. Дури Мертенс отишол кај навивачите да се извини за она што се случува.

На удар е и тренерот Карло Анчелоти иако тој ја почитувал наредбата на претседателот и останал во карантинот, во клупскиот тренинг-центар.

Де Лурентис бил подготвен да го отпушти тренерот, кого од отказ го спасиле клупските адвокати.

Според „Газета дело Спорт“, адвокатите му рекле на Де Лаурентис дека без оглед на се доколку му врачи отказ на Анчелоти ќе мора да плати големо обесштетување. Претседателот бил убеден дека тренерот немал контрола во соблекувалната и дека неколку играчи го имале главниот збор.

Напли по 11 рунди во Серија А се наоѓа на седмата позиција со 18 бода, 11 помалку од лидерот Јувентус.

Scroll to Top