Кристијано Роналдо со примитивно однесување се истакна во дербито од 25. коло на саудискиот шампионат и поразот на Ал Наср кај Ал Хилал (2:0). Овој пораз на Ал Наср му го отвори патот кон шампионската титула на водечкиот Ал Итихад.
Однесувањето на Португалецот на теренот, експресно го обиколи светот. Најпрво во 11. минута шокираше со неверојатно бездушна реакција во момент кога противнички играч се онесвести на теренот.
Потоа во 57. минута се „истакна“ со неверојатно груб, вистински ММА потег, за што англискиот судија Мајкл Оливер му додели само жолт картон. Потоа, напуштајќи го теренот, реагираше на провокативното скандирање „Меси, Меси“. Тој погледна кон противничките навивачи и се фати за гениталиите.
Овој потег на Роналдо ги згрози Саудијците, кои бараат против него да бидат преземени конкретни мерки. Нуф бин Ахмед, еминентен адвокат со светско реноме, професорка на Универзитетот во Женева, консултант за меѓународни спорови и арбитар во служба на ОН, на „Твитер“, објави дека ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство на Саудиска Арабија. Поточно таа ќе побара Роналдо да биде уапсен и потоа да биде депортиран од земјата.
„Чинот кога тој се фати за гениталиите е кривично дело на јавна непристојност, кое доколку го изврши странски државјанин, ќе резултира со апсење и депортација“, напиша таа и додаде: „Воопшто не следам спорт. Дури и ако навивачите на Ал Хилал го испровоцира Кристијано, тој не требаше така да реагира. Неговата постапка е кривично дело“.
Адвокатката се осврна и на неверојатно грубиот напад на Роналдо на противникот: „Тоа е напад на противнички играч кој нема никакво оправдување и нема врска со фудбалот. Кристијано Роналдо направи толку агресивен чин што е и казнив”.
Роналдо (38) на почетокот на годината потпиша договор до 2025 година со Ал Наср. Тој ја доби највисоката плата во историјата на фудбалот, половина милијарда евра за две години.
يرددون ميسي ويسوي قدامهم هالحركة؟
ننتظر لجنة الانضباط واتحدى لو سوتله شيء pic.twitter.com/NjbcaKYIkd
— تارقو (@wtrx5) April 18, 2023