Top Sport

Адвокатот на синот на Марадона тврди: На „Ел Пибе“ илегално му давале дрога

Не престанува истрагата за смртта на легендата на аргентинскиот и на светскиот фудбал – Диего Армандо Марадона кој почина на 25 ноември 2020 година под засега докрај неразјаснети околности

Адвокатот Марио Баудри, човекот кој го застапува синот на „Ел Пибе“ – Диегито побара од јавниот обвинител итно апсење на четири лица поради смртта на Марадона.

Диегито е син на Диего Марадона кој легендарниот фудбалер го доби со Вероника Оједа. Неговиот адвокат го обвинува доктор Леополд Луке, психологот Карлос Дијаз, психијатарот Аугустин Косачов и докторката Ненси Форлини.

Баудри го обвинува и адвокатот на Диего Марадона – Матијас Морли, потоа неговиот роднина Масимилијан Помагра и неговата сестра Венеса Морли кои, наводно, се здружиле за да го разграбаат имотот на екс-фудбалерот.

„Очигледно е дека прво е одземен целиот имот на Марадона, неговите брендови, па дури и неговото име, а потоа е препуштен сам на себе. Ставиле професионалци кои имале искуство и знаеле како да го лекуваат, но го спречувале да побара било каква помош од семејството. Му давале легални и илегални дроги за да му го нарушат здравјето, обидувајќи се да предизвикаат смрт, но таа да изгледа како да е природна. Кога Марадина умре, единствената работа која имаше вредност се неговите права на имиџ и заштитниот знак кој не можеше да им го пренесе на наследниците. Тие права ги имале луѓето кои требало да се грижат за него, а не го сториле истото“ вели адвокатот.

Scroll to Top