Владан Милојевиќ повеќе не е тренер на АЕК од Атина, објави клубот. Двете страни спогодбено го раскинале договорот.
Милојевиќ стана тренер на АЕК во јули оваа година, тимот го предводеше на седум официјални натпревари.
Во Суперлугата на Грција забележа три победи, пораз и реми. Неуспех е елиминацијата од Вележ, во првото квалификациско коло во Лигата на конференции.
Во кариерата, Милојевиќ работел во Јавор, Чукарички, Омонија, Паниониос, Црвена звезда и Ал Ахли.
Најголемите успеси во досегашната кариера ги постигнал со Црвена звезда, со која два пати играше во фазата по групи во Лигата на шампиони.