Top Sport

АФЦОН: Мароко и БСК со победи обезбедија осминафинале (видео)

Мароко со гол во 90-тата минута го заддржа совршениот скор на Африканскиот куп на нации, победувајќи ја Јужна Африка со 1:0, за да го заддржи првото место пред Брегот на Слоновата Коска, кои лесно со 4:1 ја декласираа Намибија во последните мечеви во групата Д.

Со овој резултат, Мароко има три победи во три меча (сите три со 1:0) и е на првото место, додека БСК се втори и се пласираат во осминафиналето. Јужна Африка треба да почека за да види дали ќе биде меѓу четирите третопласирани репрезентации кои одат понатаму, иако досега го имаат најслабиот скор.

Отпорот на Јужнафриканците беше скршен на 30 секунди пред крајот на регуларните 90, кога по слободиот удар, топката доаѓа кај Бусуфа, кој од десетина метри постигна ефектен гол.

ГРУПА Д, КУП НА АФРИКАНСКИ НАЦИИ

Јужна Африка – Мароко 0:1

Намибија – Брег на Слонова Коска 1:4

Табела: 1.Мароко 9, 2.БСК 6, 3.Јужна Африка 3, 4.Намибија 0

Scroll to Top