Top Sport

АФЦОН: Мароко во осминафиналето по победата над БСК (видео)

Мароко со втора 1:0 победа обезбеди пласман во осминафиналето на Африканскиот куп на нации, откако минимално беа подобри од репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска во дербито на групата Д во Каиро.

Младиот напаѓач на шпански Леганес, Јусеф Ел Несири успешно ја избегна офсајд стапицата на одбраната на БСК, за во 23. минута да го совлада голманот Силвен Гохуо.

Со оваа победа, Мароко има шест поени, БСК три поени, додека Намибија и Јужна Африка, кои играат вечерва од 22 часот се без поени.

Scroll to Top