Top Sport

АФЦОН: Сенегал во финалето по драматичната победа над Тунис (видео)

Сенегал е првиот финалист на Африканскиот куп на нации, откако дури во продолжението успеа да го скрши отпорот на Тунис и да стигне до 1:0 победа, откако во регуларните 90 минути двете репрезентации успеаја да утнат по еден пенал.

Тунижаните први имаа шанса да стигнат до предност на мечот во Каиро, откако во 75. минута, Фержани Саси беше неуспешен од белата точка, а само шест минути подоцна имаше пенал на другата страна, но сега Анри Саиве беше на ред да биде трагичар.

Мечот се одлучи во 100. минута, кога тунискиот дефанзивец на Гент, Дилан Брон ја уфрли топката во сопствената мрежа.

Сенегалците во финале ќе го чекаат подобриот од дуелот помеѓу Алжир и Нигерија.

Scroll to Top