Top Sport

АФЦОН: Сенегалците со „ливерпулски рецепт“ први во полуфинале! (видео)

Репрезентацијата на Сенегал се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации по 1:0 победата над Бенин со гол кој беше дело на двајца фудбалери кои играат за ривалските ливерпулски клубови Евертон и Ливерпул.

Ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане го проигра фудбалерот на Евертон, Идриса Гуеје во 69. минута, за Сенегал да го „скрши“ отпорот на Бенин, кои 14 минути подоцна останаа и со играч помалку за да се помират со поразот.

Сенегал за финале ќе се бори со победникот од мечот помеѓу Тунис и Мадагаскар, кој се игра утре. Во 20.30 часот играат Нигерија и Јужна Африка.

Scroll to Top