Top Sport

АФЦОН: Сензацијата Мадагаскар во четврт-финале (видео)

Фудбалската репрезентација на Мадагаскар го продолжи настапот од соништата на Африканскиот куп на нации, откако на пенали го ДР Конго откако регуларниот меч заврши 2:2 и се пласираше меѓу осумте најдобри, каде што ги чека подобриот од мечот Алжир-Гвинеја.

Ова е историски успех за Мадагаскар, откако претходно репрезентацијата која никогаш не настапила на едно Светско првенство, ниту на континенталниот африкански шампионат, успеа да влезе меѓу елитата.

Ибрахим Амада им донесе рано водство против ДР Конго уште во деветтата минута, пред Седрик Бакамбу да израмни во 26. минута.  Мадагаскар се врати во водство преку Фанева Има Андријатисима во 77. минута, но Конгоанците изборија продолженија со гол во 90-тата минута на Шансел Мбемба.

Откако во продолжението немаше голови, Конгоанците утнаа два пенали за да го загубат мечот со 4:2.

Scroll to Top