Репрезентацијата на Тунис е последниот четврт-финалист на Африканскиот куп на нации по драматичната победа на пенали над над Гана откако мечот заврши 1:1, за да обезбеди пресметка со најголемото изненадување на шампионатот во Египет, Мадагаскар.
Гана прва постигна гол во 45. минута, но прекрасниот гол со петица беше поништен поради претходен офсајд. Таха Кениси во 73. минута од мечот го постигна единствениот гол по една убава брза акција на Тунижаните, што беше доволно да се скрши отпорот на Гана. Кога изгледаше дека мечот е готов, Рами Бедуи само што влезе во игра си даде автогол во 96. минута од мечот за продолженија.
Во пенал-серијата, сите Тунижани беа прецизни, додека напаѓачот на Лидс, Кејлеб Екјубан го утна својот пенал за Гана да биде елиминирана.
Покрај дуелот Мадагаскар-Тунис, во четврт-финалето на АФЦОН се среќаваат и Сенегал-Бенин и Нигерија-Јужна Африка, како и дуелот на двете репрезентации кои се најголеми фаворити за златото, Брегот на Слоновата Коска и Алжир.
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, АФРИКАНСКИ КУП НА НАЦИИ
Сенегал – Бенин
Мадагаскар – Тунис
Брег на Слонова Коска – Алжир
Нигерија – Јужна Африка