Тунис е последниот полуфиналист на Африканскиот куп на нации, откако со 3:0 го победи Мадагаскар, најпријатното изненадување на континенталниот шампионат во Египет.

Мадагаскар, репрезентацијата која досега се немаше квалификувано ниту на африканскиот шампионат, ниту на Светските првенства, сензационално го елиминираше ДР Конго во четврт-финалето, но против Тунижаните успеаја да издржат нешто повеќе од 50 минути.

Фержани Саси во 52. минута го постигна водечкиот гол за Тунис, за само осум минути подоцна Јусеф Мсакни да го удвои водството. Наим Слити во 92. минута стави печат на победата и пласманот во полуфинале.

Во полуфиналето Тунис налетува на „лавовите од Теранга“, Сенегал предводени од ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане, додека во второто полуфинале, Алжир, под водство на Ријад Марез ја пречекува Нигерија.

АФРИКАНСКИ КУП НА НАЦИИ, ПОЛУФИНАЛЕ

Сенегал – Тунис

Алжир – Нигерија