Top Sport

Афера „кој ве шиша“ во Германија, фризерници затворени, а фудбалерите средени

Протест на фризерите во Германија. Сите фризерски салони се под клуч поради пандемијата на коронавирусот, а фудбалерите во Бундеслигата со средени фризури.

Националното здруение на фризери објави отворено писмо до Фудбалскиот сојуз на Германија во кое прашуваат како е можно фудбалерите професионално да се средени во косата, а сите фризерски салони да се затворени од 16 декември. На сила се строги мерки, па „обичниот свет“ мора на своја рака да се дотерува.

Од споменатото Здружение сметаат дека фудбалерите ги потстрижуваат професионалци со врвна опрема, па се поставува прашањето како е можно сред забрана тие да работат, а останатите да седат дома.

Scroll to Top