Top Sport

Шифрин победи во Флахау, првпат по смртта на татко и: Тешко ми е!

Чекаше 11 месеци на победа во слалом и кога тоа се случи, тргнаа емоциите. Микаела Шифрин (25) синоќа на ноќната трка во австриски Флахау триумфираше првпат по смртта на нејзиниот татко, во февруари минатата година. Помина низ целта и заплака.

„Чувствувам дека ова е нов почеток. Повеќето мои најдобри трки веќе се случија. Не можеш да одиш напред додека не престанеш да одиш назад, мене тоа тешко ми оди, само сакам живот како оној пред 2. Февруари 2020 година. Мислам дека вечерва направив чекор напред“ рече синоќа Шифрин.

По смртта на татко и Џеф (65) кој почина ненадејно, откако имаше повреда на главата во својот дом во Колорадо, Микаела се повлече од скијањето, пропушти голем дел од минатата сезона, а на снег повторно стапна во септември.

Што се однесува до синоќешната трка, Шифрин зад себе ги остави Катарина Линсбергер и Венди Холденер.

Петра Влхова која го задржа водството во слалом синоќа беше четврта.
Еве го победничкото возење на Американката:

Scroll to Top