Фудбалската конфедерација на Африка (ЦАФ) е првата континентална организација, членка на ФИФА, која ќе го поддржи предлогот, Светските првенства да се одржуваат на секои две години.
На Конгресот во Каиро, членките на ЦАФ, за разлика од УЕФА и КОНМЕБОЛ, едногласно ја поддржале идејата на Светската фудбалска организација.
Говорејќи на Конгресот, пред претставниците на 54 земји-членки, првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, рекол дека противниците на предлогот се плашеле дека ќе бидат симнати од светскиот врв.
На овој начин Инфантино им испрати порака на најголемите противници на неговата идеја, УЕФА и КОНМЕБОЛ.
Од 1930 година, во секое финале имало репрезентација од овие две организации. На СП во Катар, 18 од 32 репрезентации ќе бидат од Европа и Јужна Америка.