Top Sport

Африкансите селекции однапред ќе добијат пари од ФИФА

Петте репрезентации од Африка однапред ќе ги добијат парите од ФИФА за учеството на Светското првенство во Русија. ФИФА на Египет, Сенегал, Мароко, Тунис и Нигерија ќе им уплати по два милиони долари.

Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) соопшти дека ваквиот договор ќе помогне да се реши прашањето со бонусите за играчите од Египет, Нигерија, Мароко, Тунис и Сенегал.

Секоја од 32.репрезентации што ќе играат во Русија ќе добијат по 1,5 милиони долари за спроведување на подготвките и најмалку по осум милиони долари по завршувањето на Мундијалот.

ЦАФ наведува дека претходните ситуации околу парите создавале лоша слика за африканскиот фудбал.

На последното Светско првенство во Бразил, поради неисплатените премии, Камерун доцна пристигна на првенството, а владата на Гана во Бразил испрати три милиони долари за да спречи штрајк, а репрезентативците на Нигерија редовно доцнеле на закажаните тренинзи.

Scroll to Top