Top Sport

Италија доби нов селектор, ќе дебитира на 28.мај

Роберто Манчини (53) ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Италија.

Актуелниот тренер на руски Зенит, функцијата ќе ја преземе по завршувањето на сезоната во рускиот шампионат.

Официјалната промоција на новата функција Манчини ќе ја има на 20.мај, а како селектор ќе дебитира на пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија осум дена подоцна.

Манчини како фудбалер настапувал за Болоња, Сампдорија и Лацио. Најголема трага оставил во Сампдорија, каде за 15 години одиграл 424 натпревари.

Како тренер кариерата ја градел во Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер сити, Галатасарај и Зенит.

Со Интер освоил три титули и два Купа, а со Манчестер сити има трофеј во Премиер лигата и ФА купот. Во Лацио и Галатасарај освоил по еден Куп на Италија, односно Турција.

Scroll to Top