Top Sport

Африканска ЛШ фарса – Есперанс треба да го врати трофејот! (видео)

Тунискиот клуб Есперанс мора да го врати трофејот од Африканската Лига на шампиони и да го преигра вториот меч од финалето против Видад Казабланка од Мароко, потврди Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ).

Есперанс победи со 1:0 во вториот меч во петокот во скандалозниот меч во кој фудбалерите на Видад го напуштија теренот откако израмнувачкиот гол кој го постигнаа беше поништен. Видад побараа активирање на ВАР-системот, но тој беше нефункционален и сега ЦАФ вели дека вториот меч ќе биде преигран на неутрален терен, додека резултатот од првиот (1:1) останува. Покрај тоа, за да се дознае шампионот на Африка во клупски фудбал ќе треба да се почека на крајот на Африканскиот куп на нации во Египет, кој завршува на 19 јули.

ЦАФ утврди дека не биле „исполнети условите за игра и безбедност на фудбалерите“, и посочи дека фудбалерите на Есперанс мораат да ги вратат медалите и трофејот. Фудбалерите на Видад го напуштија теренот во 59. минута кога им беше поништен голот на Валид Ел Карти поради фаул, а ВАР системот не функционираше. Судијата ги чекаше 95 минути по што ја додели победата и третата титула од ЛШ на Есперанс.

Scroll to Top