Top Sport

Јувентус носи столб на одбраната за 15 милиони евра

За само 6 месеци во Италија, Турчинот Мерих Демирал експлодираше во дресот на Сасуоло. Потенцијал кој Јувентус го следеше уште додека настапуваше во турска Аланија.

21-годишниот фудбалер зимоска стигна во Сасуоло на позајмица со право на откуп за 7 милиони евра.
По 6 месеци престов во Серија А, Демирал летово се сели во Јувентус за 15 милиони евра.

Турските медиуми младиот дефанзивец го споредуваат со српскиот бек, Немања Видиќ според стилот на играта.
Интерес за турскиот фудбалер пријавуваше и Чоло Симеоне, нудеше дури и 25 милиони евра, но Сасуоло го испочитува договорот со „Старата дама“.

Со ова започна реконструкцијата на една од најлегендарните дефанзивни линии во историјата на фудбалот. Барзаљи е веќе во пензија, Киелини има 35 години, а Бонучи има голем пад во формата. Јуве во составот го има младиот Ругани, кој не се наигра многу кај Алегри.
https://youtube.com/watch?v=ba_de8EwY-I

Scroll to Top