Португалската ѕвезда Жоао Феликс е нуден на повеќе премиерлигашки клубови бидејќи веќе му е неподнослива ситуцијата под Диего Симеоне во Атлетико Мадрид и сака трансфер веќе во јануари, тврдат британските медиуми.
Феликс е претставуван од компанијата „Гестифуте“ на Жоао Мендеш, кој има доста врски во англиските клубови, соработувајќи со двата клуба од Манчестер, Арсенал, но и Астон вила.
Атлетико платија фантастични 126 милиони евра да го добијат Феликс од Бенфика во 2019 година во еден од најскапите трансфери во историјата и клубот очекува да врати поголем дел од инвестицијата, посебно бидејќи тој има уште четири години од договорот со „рохибланкос“. Феликс е во конфликт со Симеоне подолго време и според неговите претставници не му одговара дефанзивниот стил на игра кој го преферира Чоло.