Top Sport

Гвардиол уште лани си кажа: Меси? Тоа се случува еднаш на сто години

Јошко Гвардиол со своите 20 години се промовираше во еден од најдобрите дефанзивци на денешницата, репутација која само ја запечати со настапите на Светското првенство, пред во полуфиналето да биде „посрамотен“ од Лео Меси за третиот гол на Аргентинците при 3:0 поразот.

Секако, веднаш почнаа шегите дека Меси несвесно „избришал“ дел од вредноста на фудбалерот на РБ Лајпциг, а самиот Хрват во интервју во 2021 година јасно си кажа.

„Меси? Па, тоа се случува еднаш во сто години“, призна Хрватот.

Како и да е, додека за Меси неделното финале ќе биде последен меч во дресот на Аргентина, Гвардиол го очекува блескава иднина, со репрезентацијата и со (потенцијално) нов клуб.

Кога Јошко го сретна Лео – како Меси „откина“ 30-тина милиони од вредноста на Хрватот

Scroll to Top