Рами Абас, агентот на Мохамед Салах, повторно ги демантираше шпекулациите дека Египќанецот планира да се пресели во шпанскат Ла лига ова лето и покрај тоа што го продолжи договорот со Ливерпул.
Салах стана клучен играч во тимот на Јирген Клоп во шесте сезони на „Енфилд“ со 178 гола и 74 асистенции во 293 меча, освојувајќи ги трофеите од Лигата на шампионите и Премиерлигата. Но, оваа сезона, по заминувањето на Садио Мане во Баерн Минхен, Ливерпул имаат голем пад на формата, и споре „Футмеркато“, Салах сфаќал дека клубот е „на крајот на циклусот“ и дека е време за преселба во Шпанија, наводно во Реал Мадрид.
Но, Абас, кој неколку пати оваа сезона јавно отфрлаше вакви шпекулации, повторно се јави на Твитер, директно обраќајќи му се на новинарот: „Каде го добивте ова, ако јас и Мохамед не сме разговарале за такво нешто? Ве молам, кажете ни“.
🚨Excl : Mohamed Salah 🇪🇬💫
▫️L'attaquant Égyptien est ouvert à un départ de Liverpool cet été.
▫️En cas de départ, Salah privilégie l'Espagne.https://t.co/0OIkkPFrpY
— Santi Aouna (@Santi_J_FM) March 18, 2023