Top Sport

Шифрин ја заврши сезоната со нова победа, 88-та во кариерата!

Американската скијачка „кралица“, Микаела Шифрин стигна до својата 88. победа во Светскиот куп, откако на последната трка од сезоната, велеслаломот во Солдеу, Андора, ги совлада Норвежанката Теа Луиз Стјернесунд и Канаѓанката Валери Грение.

Шифрин, која минатиот викенд го сруши рекордот на Ингемар Стенмарк по бројот на победи во Светскиот куп, вака комплетира уште една доминантна сезона, во која повторно (веќе одамна) ја обезбеди титулата од Светскиот куп, како и малите кристални глобуси во велеслалом и слалом.

Шифрин имаше 0.71 секунди предност по првото возење, по што остана смирена по неколкуте грешки во второто за да ја победи Стјернесунд за 0.06 секунди, додека Грение беше трета со 0.20 секунди послабо време.

28-годишната Американка ја завршува сезоната со вкупно 2.206 поени, второ најдобро остварување во историјата, откако Словенката Тина Мазе освои рекордни 2.414 поени во 2013 година.

Scroll to Top