Top Sport

Агентот на Бејл за враќањето во Реал тврди: Погрешно го разбраа!

Герет Бејл неодамна предизвика мала „бура“ на реакции со коментарите дека постојано планирал да се врати во Реал Мадрид на крајот на сезоната и дека позајмицата во Тотенхем ја избрал за да се подготви за настапите со Велс на Европското првенство, но неговиот агент Џонатан Барнет вели дека се работело за „вадење од контекст“.

Велшанецот е на позајмица до крајот на сезоната со Тотенхем и полека влегува во форма по проблемите на стартот на сезоната, но има уште една сезона од договорот со Реал Мадрид. Барнет вели дека одлуката за иднината уште не е направена.

„Прерано е да се зборува за иднината. Тоа интервју беше интересно, бидејќи ги извадија работите од контекст и погрешно го пренесоа“, вели Барнет за „ЕСПН“.

Scroll to Top