Top Sport

Фенер пак го победи Олимпијакос, Басконија остана во игра за плејоф

Јан Весели и Дајшон Пјер ги предводеа Фенербахче до втора победа оваа сезона над Олимпијакос, овојпат на гости во 31. коло од Евролигата со 76:71.

Пјер го заврши мечот со 18 поени, а Весели постигна 18, додека на другата страна, Ливио Жан-Шарл даде 16, а Саша Везенков уфрли 15 поени. Турскиот клуб имаше убедлива 43:27 предност на полувреме и дури 17 поени предност во последната четвртина, пред домаќините да се обидат да направат камбек.

Со оваа победа, Фенер го подобрија скорот на 19-12, идентично со Баерн Минхен, кои се на петтото место на табелата, додека Олимпијакос и официјално испаднаа од трката за плејоф со 14-17 скор.

Шпанска Басконија пак, остана во трка за плејоф со третата победа едноподруго благодарение на 11-0 серијата во првото полувреме за 86:69 победа над Армани Милано. Пиерија Хенри имаше 19 поени, Акиле Полонара додаде 17 поени и 13 скока за тимот на Душко Ивановиќ, кој сега има 17-14 скор, и следната недела гостува кај Панатинаикос, а ги пречекува Ефес, два клучни меча за борбата за завршницата.

ЕВРОЛИГА, 31.КОЛО

Химки – Зенит Санкт Петерсбург 70:91 (11:14, 18:25, 18:27, 23:25)

Басконија – Армани Милано 86:69 (10:16, 23:16, 27:13, 26:24)

Олимпијакос – Фенербахче 71:76 (11:20, 16:23, 22:15, 22:18)

Барселона – Алба Берлин 80:67 (22:23, 23:17, 17:18, 18:9 )

Scroll to Top