Карим Џазири, агентот на освојувачот на „Златната топка“ Карим Бензема ги подгреа шпекулациите околу неговото предвремено повлекување од француската репрезентација, посочувајќи дека физички, ѕвездата на Реал Мадрид можел да учествува во завршницата на Мундијалот во Катар.
Бензема пристигна на подготовките на репрезентацијата со повреда, и пред шампионатот беше објавено дека тој нема да може да биде дел од составот. Но, потоа тој се врати на тренинзите на Реал, и се веруваше дека ќе биде повикан во нокаут-фазата на шампионатот. Француските медиуми тврдат дека повеќе негови соиграчи, предводени од Антоан Гризман, се спротиставиле на ова, по што селекторот Дидие Дешам воопшто не го повика за осминафиналето, четврт-финалето, полуфиналето и финалето на Мундијалот.
Сега, неговиот агент Џазири вели дека сака да ги отстрани сите шпекулации со медицински докази.
„Консултирав тројца специјалисти кои ја потврдија дијагнозата дека Бензема ќе беше подготвен за осминафиналето, барем да биде на клупа. Зошто побаравте од него да си замине толку бргу?“, напиша Џазири на Твитер со видео-снимка.
Je pose ça là mais avant ça j’ai consulté 3 spécialistes qui confirment le diagnostic que @Benzema aurait pu être apte à partir des 1/8 éme pour au moins être sur le banc ! Pourquoi lui avoir demandé de partir si vite ? pic.twitter.com/wtOHhDeDVW
— Karim Djaziri (@KDjaziri) December 26, 2022