Top Sport

Агентот на Дембеле контра Барса: Тие не знаат да ги менаџираат сопствените играчи

Иднината на Усман Дембеле во Барселона останува неизвесна, откако неговиот агент ги отфрли тврдењата дека се работи само за големо парично побарување на францускиот репрезентативец, обвинувајќи го каталонскиот клуб дека не знае да „менаџира“ со своите фудбалери.

„Сите зборуваат само за пари, но за нас не се работи само за пари. Менаџирањето на фудбалерите е многу важно во секој професионален клуб. Тие го тераат да игра веднаш откако доби КОВИД без да оди на тренинг“, вели Муса Сисоко (не фудбалерот) за „Л’Екип“.

Дембеле беше позитивен на КОВИД-19 на крајот на декември, по што го пропушти првиот меч од 2022. Тој веднаш беше вратен во составот за мечот од Копа дел реј против Линарес, каде што постигна гол за 2:1 победа, а потоа беше и стартер при 1:1 ремито со Гранада на гости, а сега е дел од тимот кој ќе игра „Ел класико“ во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп против Реал Мадрид во Саудиска Арабија.

Scroll to Top